Муслиманските верници утре слават Рамазански бајрам, а како што порачаа од косовското Министерство за здравство, нема да има ублажување на мерките воведени заради коронавирусот и тие нема да можат да се поклонуваат во џамиите, пренесува РТК.
Министерството за здравство соопшти дека нема да има други мерки, освен оние кои се веќе во сила. Ова го изјави за косовскиот печат портпаролот на Министерството за здравство, Фаик Хоти.
Движењето на граѓаните ќе се одвива според распоредот, во зависност од бројот во личната карта, кој го објави Министерството за здравство. Граѓаните можат да поминат вкупно четири часа надвор од дома, потсетува Косово онлајн.