Алигаторот кој избегал од берлинската зоолошка градина во екот на Втората светска војна, а потоа бил пренесен во Москва, угина на 84-годишна возраст, објави во саботата московската зоолошка градина.
-Сатурн имашe долг и убав живот. Угина од староост. Тоа е навистина длабока старост, рекоа од зоолошката градина.
Животниот век на алигаторите во дивината е помеѓу 30 и 50 години.
Сатурн бил роден во 1936 година во САД по што бил донесен во зоолошката градина во Берлин од каде животното долго 3,5 метри избегало во ноември 1943 година.
Тој успеа да ги преживее последните две години од војната кога го нашле британските војници и во јули 1946 година беше префрлен во Москва.
По војната, се појавија гласини дека Сатурн му бил милениче на Адолф Хитлер, но нема докази за тоа.
https://www.instagram.com/explore/locations/685296781/?utm_source=ig_embed