По миса во црква во Франкфурт над 40 верници заболеле од коронавирус

По мисата која се одржала во една црква во Франкфурт, повеќе од 40 луѓе кои присуствувале биле позитивни на коронавирус, соопштил началникот на градската здравствена служба, Рене Гочалк.

Тој за агенцијата ДПА рекол дека речиси сите заболени се со многу благи симптоми, или без симптоми, а само еден заболен морал да биде хоспитализиран.

Свештеникот кој ја држел мисата рекол дека службата се одржала на 10 мај и дека биле применети сите препораки на здравствените власти за спречување на ширење на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави