Новоотворениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел во моментов е затворен од полициски специјалци по престрелка која се случила пред еден час на булеварот, дознава 24 Инфо.
Од МВР го потврдија инцидентот .
-Во 17.47 часот О.И. пријавил дека на улицата Христијан Тодоровски Карпош, новиот дел после подвозникот од десната страна , од два автомобили, едниот „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди А4“ црна боја од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје кон О.И., но никој не бил повреден. Пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.