Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од денеска е достапен и на албански јазик на социјалната мрежа Фејсбук. Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните Aлбанци чиj мајчин јазик е албанскиот, полесен и еднаков пристап до сите официјални информации на партијата, како и навремено информирање за сите политики, ставови и активности.
СДСМ посветено го спроведува концептот „Едно општество за сите” овозможувајќи на сите граѓани еднаквост при остварување на своите права.
Во иднина продолжуваме да воведуваме нови и полесни начини за комуникација со сите граѓани на Република Северна Македонија.
Фејсбук страницата на СДСМ на албански јазик е достапна на овој линк: https://www.facebook.com/LSDMaqedoni/