Министерството за земјоделство на Хрватска побара одредени количини на филе од пилешки гради, на „Перутнина Птуј“ од 400 грама да бидат повлечени од продажба поради салмонела.
Сите повлечени количини биле во продавниците на „Лидл“.
Според мининстерството, месото е со ЛОТ број Л 200514, со датум на истекување до 23 мај 2020 година. Во него е утврдена бактеријата салмонела.
Повлекувањето се однесува само на производот со наведените информации.