Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, преку Фејсбук му одговори на поранешниот прв човек на Скопје, Коце Трајановски кој ја коментираше набавката на новите автобуси за ЈСП.
-Петре купил 33 автобуси. Во првите три години од мојот прв мандат набавивме 320 автобуси. Значи на Петре ќе му им требаат 10 мандати да го замени возниот парк на ЈСП, напиша Трајановски.
-Само тотално неук и лаик врши промена на флотилата одеднаш. Од проста причина што на тој начин, целата флотила наеднаш се амортизира и станува неупотреблива. Ние годинава менуваме 33, а за две години уште 60 автобуси. Со наши, градски пари. Не ни се поклон од државата.
https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3257868291104413
П.С. На дуелот го учев англиски (не знае ни збор да бекне), а богами и математика. Еве сега нека учи (види) што е градски автобус.
П.П.С. За разликите во техничките карактеристики, спецификации и квалитет, веројатно не треба да се зборува.
П.П.П.С (П.С) е кратенка од англиски и се чита пост скриптум. Во превод на македонски значи: отпосле напишано. Ова, за ако го читаш сам постов. Да не бараш некој да ти преведува.
И да, Скопје продолжува. Во една друга, многу поинаква приказна, напиша Шилегов.