Бајрамска честитката од Реисул Улема на ИВЗ Сулејман Реџепи

Реисул Улема на ИВЗ Сулејман Реџепи упати честитка до сите верници од исламска вероиповед по повод утрешниот Фитр Бајрам.

– Почитуавани браќа и сестри, дами и господа, верници на Исламот,

Светиот Месец Рамазан завршува и сите верници му се радуваат на празникот Фитр Бајрам кој што е круна на нашиот пост, на нашите ибадети, како и на нашите стремежи што по длабоко и по силно да ја демонстрираме нашата верба кон нашиот Создател, Семоќниот Алах, Абсолутниот Владетел на Световите.

Ние, почитувани верници, излегуваме од еден Рамазан кој што годинава беше малку по различен, но само по формата, неговата основа и покрај пандемијата која што ни наметна многу рестрикции, беше непроменета како и во петнаесетте изминати векови на Исламот.
Всушност, убеден сум дека Рамазанот што завршува не зајакна уште повеќе, опасноста што тлееше наоколу влијаеше повеќе да се наслониме на нашиот Бог, да бидеме по солидарни, да се присетиме со сето наше битие дека нашиот живот, среќата и иднината се Божја одредба. Над атмосферата преполна со дилеми и стравови што ги создаде Covid 19, надвладеа нашата љубов и нашата верба кон Алах. Величејќи го името Божје и чувствувајќи го задоволството на мирот и спокојот што тој ги всади во нашите души, ние го возобновивме нашето убедување зајакнувајќи ги нашите доблести и размислувајќи по длабоко околу нашите можни маани.
.
Почитуван Уммет на Мухамед а.с.
Овој Фитр Бајрам го дочекуваме со радоста која што ја чувствува само вистинскиот верник, бидејќи ова е празник што ги наградува неговиот пост и ибадети, ова е празник во кој што верникот влегува со додатни сили кои што ги насобрал во деновите што му ги посветил исклучиво на Алах.
Токму затоа, овој Фитр Бајрам нека биде празник на благодарноста кон Бога,нека ги осветли нашите срца, нека ја зајакне љубовта со која ќе си честитаме еден на друг и ќе ги пречекаме нашите соседи и пријатели. Нашата љубов нека блесне посебно над тие што немаат можност да ја збогатат својата Бајрамска трпеза, над болните, немоќните и сираците.
По овој повод, драги верници, уште еднаш ја изразувам благодарноста на ИВЗ во РСМ кон вашето однесување во текот на Светиот Месец Рамазан како и кон разбирањето што го покажавте во врска со рестриктивните мерки, а посебно кон вашата сериозност и дисциплина со кои што ги потврдивте вашите цивилизацијски светоназори по отворањето на џамиите.
Ви пожелувам среќен и бериќетен Фитр Бајрам, Алах нека ги прифати вашиот пост и вашите ибадети, Мирот и Љубовта Божја нека бдеат над вас и вашите семејства, над вашите најмили,над нашиот народ во и надвор од земјата, нарочито над нашата дијаспора која што слави надвор од татковината.
Ве молам, внимавајте на вашето здравје до конечното и потполно укинување на мерките што ги импонира пандемијата бидејќи заштитата на здравјето е една од основните исламски верски должности.
Драги верници,
Уште еднаш ви изразувам срдечни честитки за празникот Фитр Бајрам. Радувајте се со сите членови на вашите семејства,со пријателите, со другарите и со сите добронамерни луѓе
За многу години!, вели во честитката објавена на својот фејсбук профил Реисул Улема Сулејман Реџепи.

Треба да знаете
Последни објави