Пакисанскте власти соопштија дека 97 луѓе загинале во пакистанскиот авион што се урна во градот Карачи на југот на земјата, а пронајдени се само двајца преживеани.
„Сега е потврдено дека загинале 97 луѓе од авионот“, рече Миран Јусуф, портпаролка на прокринското министерство за здравство.
Деведесет и еден патник и осум членови на екипажот се наоѓале во авионот „Ербас А320“, кој во петокот се урна во тесна улица во населено подрачје на Карачи, непосредно пред да слета на меѓународниот аеродром во овој град, потврди денеска портпаролот на пакистанската авиокомпанија. Ова значи и корекција на претходно споменатиот број на луѓе на летот ПК 8303, кога се сметаше дека биле вкупно 107, но офијално потврдена бројка е 99, пренесува АФП.
A Pakistani Airlines flight has crashed into a residential area, just before landing in Karachi#Pakistan pic.twitter.com/kqToUtj5Mo
— CNW (@ConflictsW) May 22, 2020
Според портпаролката, телата на патниците и екипажот биле пренесени во две болници, а досега се идентификувани 19 од нив.
Припадниците на армијата и службите за итни случаи ја минале ноќта користејќи тешки машини и хеликоптери за расчистување на областа, отстранувајќи ги урнатините од куќите и делови од остатоците на авионот.
Пронаоѓањето на двајцата преживеани, кои беа најдени уште на самиот почеток на спасувачката операција, остви надеж дека евентуално може да има и повеќе преживеани. Еден од преживеаните е претседател на Банката Панџаб, една од најголемите пакистански банки, изјави директорот на авиокомпанијата. Производителот на авиони „Ербас“ соопшти дека му дава техничка помош на Пакистан во истрагата за несреќата.
Шефот на „Пакистан интернешнл ерлајнс“ (ПИА), Аршад Малик, за чија компанија летал авионот на линијата ПК 8303, вети дека ќе спроведе транспарентна истрага со „Ербас“ за тоа што може да било причина за несреќата.
Авионот „Ербас“ летал од градот Лахор, на североистокот од земјата, кон Карачи на југ и се урнал во станбена зграда додека се приближувал кон аеродромот.
Пакистан ги продолжи домашните летови на 15 мај по карантинот поради коронавирусот. Меѓународните линии се во застој до крајот на мај.