Македонија е држава која најлошо се справува со корона вирусот од земјите во регионот, но и пошироко. Владата не презеде навремени мерки за справување со последиците од кризата, а епилогот на тоа се 112 мртви, 200 милиони евра дупка во буџетот за 4 месеци, стотици фирми во лоша состојба и илјадници граѓани на минималец.
Економските мерки кои владата ги презема се задоцнети и не го опфаќаат месец март, месец во кој што почна кризата и во кој голем број на бизниси затворија, а како последица на тоа голем број на работници останаа без работа.
Владата пропушти цел еден месец помош за граѓаните и стопанството.
Мерките почнаа да важат од месец април. И иако требаше помошта да легне на сметките на граѓаните и стопанствениците во месец мај и да опфати над 250.000 граѓани како што првично рекоа во месец мај помош за месец април добиле 17.813 правни лица или компании со вкупно 110 илјади вработени што е за два и пол пати помалку од тоа што беше предвидено со уредбата, и изнесува 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони.
Значи многу ветија, а ништо не исполнија.
Кога од владата видоа дека мерките не даваат реален ефект и не се димензионирани правилно, го најавија т.н. трет сет на мерки со кои практично планираат еднократен поткуп на гласачи и тоа во период пред избори.
Мерките кои што громогласно ги ветуваат, нема да можат ниту да ги исплатат доколку се укине вонредната состојба на 30-ти мај, бидејќи од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8А од Изборниот законик. Помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи на 31 јули.
Тоа значи дека власта не планира како да им помогне на граѓаните, туку како да ги изманипулира.
Дополнително од владата се уште немаат донесено акти во кои јасно ќе бидат назначени критериумите по кои ќе бидат доделени ваучерите кои што ги најавија како дел од таканаречениот трет сет на мерки.
Владата целосно постапува без план и ја задолжува државата без престан. Потребна е итна стратегија за вадење на Македонија од провалијата во која е втурната. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е многу поразлично од СДСМ.