Дадилката што претепа дете во игротека доби 1,5 година затвор

Дадилката Ж.П., која во ноември лани претепа детенце во игротека ТЦ „Капитол“ во Аеродром признала дека е виновна, па судот ја осудил на 18 месеци затвор, дознава „Скопскоехо“.

Таа беше обвинета за кривично дело- запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, Ж.П. на 21.11.2019 година, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди,

 

Треба да знаете
Последни објави