Во филијала на „Алфа Банка”” во центарот на Москва непознато лице држи заложници, објавија локалните медиуми.
Според неофицијални извори, полицијата пристигнала на местото на инцидентот и во тек се преговори со напаѓачот.
Посетителот влегол во филијалата на трговската банка и почнал да се заканува дека ќе активира експлозив. Тој побарал вратите да бидат веднаш блокирани и присилно задржал неколкумина вработени, наведуваат руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Според РИА Новости, напаѓачот држи шестмина заложници.
Целата област околу банката е моментно блокирана.