Раководството на НБА започна преговори со Дизни за продолжување на сезоната, пренесува „ЕСПН”.
Станува збор за започнување натпревари на крајот на јули. Дизни е еден од двата најголеми телевизиски партнери на лигата.
– НБА лигата, заедно со здружението на играчи, се во прелиминарни разговори со Дизни за продолжување на сезоната во НБА кон крајот на јули, соопшти портпаролот на лигата Мајк Бас.
Планирано е да се одржат натпревари во спортскиот комплекс „ESPN Wide World” на Флорида. Здравјето и безбедноста на сите учесници останува наш приоритет, а ние работиме со експерти за јавно здравје и владини службеници за да развиеме сеопфатен пакет упатства за да осигураме дека се следат соодветни медицински протоколи и заштитни мерки, додаде Бас.