Со особено задоволство од името на СДСМ и од мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите.
Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме и признание, благодарни за се она што го направија и се уште го прават за нашата заедничка татковина.
На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност.
Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето соверемено општество, заедништвото и меѓусебното почитување.
Честит 23 мај, Национален ден на Власите! Ti multsa anj Dzua Nacionala Armanjlor!