Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше телефонски разговор со косовскиот премиер Албин Курти, кој на премиерот Спасовски му изрази честитки и поддршка за начинот на кој земјата се справува со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.
Во разговорот со премиерот на Косово, претседателот на Владата на Северна Македонија Спасовски изрази задоволство од соработката со Владата на Косово во овој кризен период.
Двајцата премиери разговараа за можностите за координирано справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19 и во корист на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економијата и за зајакнување на деловните врски меѓу Косово и Северна Македонија во нови услови, како и за усогласување на мерките за нормализација на комуникацијата во сите области меѓу двете земји во наредниот период.
Во разговорот меѓу премиерите Спасовски и Курти е потенцирана согласноста дека брзата интеграција во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка се темел на развојот, сигурноста и иднината на регионот.