Ровена Чиу повеќе не се плаши од Харви Вајншајн и неговите поданици.
Поранешната асистентка реши јавно да дискутира за наводната опседнатост со секс на посрамениот холивудски продуцент. Од нејзиниот дом во Северна Калифорнија, таа изјави за „Варајати“ дека не ѝ е грижа за кршење на договорот за доверливост бидејќи Вајнштајн во моментов има „поголеми проблеми“, алудирајќи на затворската казна.
Ровена е свесна дека постои ризик да биде тужена секој пат кога зборува за денот кога наводно Вајнштајн ја турнал во кревет и ѝ ги искинал хулахопките. Затоа таа сега работи за промена на законската регулатива во врска со постапување по жалби на вработени и договорите за неоткривање податоци по покренување жалби.
Ровена објаснува дека таа не го смета само Харви одговорен за неговите постапки, туку „системот што го овозможува ваквото однесување“.
Асистентката на поранешниот холивудски продуцент, која работела во неговата продукциска куќа Мирамакс, инсистирала тој да оди на сексуална терапија како дел од правниот документ – договор за неоткривање на информации (NDA) – што таа морала да го потпише кога го обвини за сексуален напад во 1998 година.
67-годишниот филмски магнат служи затворка казна од 23 години. Судот во Њујорк во март годинава го прогласи виновен за сексуален напад и силување.
Со откривање на содржини на изјавата за доверливост која таа ја има потпишано, Ровена директно ги прекршува условите на документот, но не мисли дека Вајнстин ќе „троши време или пари“ да ја тужи бидејќи тој сè уште има други судски предмети на кои треба да присуствува.
„111 жени проговорија против него, тој веќе беше на судење во Њујорк и му претстои уште едно судење во Лос Анџелес. Секако дека нема да троши време или пари да ме тужи. Јас неман пари, па што е поентата да ме тужи?“ вели Ровена во интервју за „Варајати“.
Таа тврди дека се борела за да се стават неколку клаузули во договорот што ќе помогнат во заштитата на идните вработени во „Мирамакс“, вклучително и барањето Вајнштајн да оди на сексуална терапија, како и промена на начинот на постапување со жалбите на вработените во компанијата.
Таа објасни: „Луѓе како Харви мора да одат на сексуална терапија, тој мора да признае дека има зависност од секс.“
„А тука се и корпорациите, тие конечно треба да го сменат начинот на постапување по жалби на вработените,“ вели таа.