Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид. Ова го изјави агентот на играчот Алехандро Камано. Мароканецот моментно е на позајмица во Борусија (Дортмунд), но неговиот закуп истекува. Сè уште не е јасно каква ќе биде неговата иднина. Во Дортмунд тој е солиден стартер, додека на „Сантијаго Бернабеу” ќе мора да работи напорно за да го замени стартерот Дани Карвахал, а клубот на оваа позиција ги има и Начо Фернандез и Алваро Одриосола.
Во последните неколку дена има извештаи дека Интер му дал понуда на играчот, но агентот негираше такво нешто: „Нема таква понуда. Ашраф ќе се врати во Реал Мадрид”.
За 21-годишниот талент се заинтересирани и Тотенхем, Челси, Арсенал, Јувентус и Баерн (Минхен). Во Дортмунд, исто така, се надеваат дека ќе можат трајно да го задржат.
– За мојот договор со Реал Мадрид? Мојот агент се занимава со ова и јас не сум многу запознаен со тоа што се случува – не знам колку години ми остануваат. Договорот е истиот што го потпишав во 2017 година, ништо не се смени, рече Хакими.