Почитувани наши сограѓани од исламска вероисповед,
Општина Кисела Вода со огромно задоволство Ви го честита денешниот голем исламски празник, Рамазан Бајрам.
Денеска кога празнувате и го завршувате месечниот пост, Ви посакуваме исполнување на молитвите, благосостојба, многу здравје, среќа и љубов.
Овој празничен ден како и сите останати празници, и во иднина да продолжи да не радува затоа што ни овозможува да се запознаваме со убавините на различностите, преку кои се зближуваме, ги негуваме и ги доградуваме добрите односи.
Само со солидарност, слога и со искрено меѓусебно почитување ќе ги постигнеме целите на религиите.
Имајте убави празнични денови исполнети со радост!
Бајрам шериф мубарек олсун!
Ви благодарам за соработката, имајте убав ден.