Одлуката за држење молитва за Фитр Бајрам не ја почитуваа двајца имами во Тетово. Вратите на џамиите во селата Порој и Глоџ утрово беа затворени. Имамот на џамијата во Порој, Максут Абази вели дека оваа одлука ја донел заради безбедноста на граѓаните имајќи ја предвид состојбата со Ковид-19 и мислењето на експертите.
„Гледајќи што се случува во светот, гледајќи ја опасноста од овој смртоносен вирус и имајќи ги предвид државите како Саудиска Арабија која е Мека, центар каде верниците за секоја молитва се вртат по пет пати на ден натаму, е затворена со полициски час, и Турција, нема причина ние да ги отвориме џамиите. Овие одлуки ги носат експертите а не оџите“, истакна Максут Абази, Имам на џамијата во Порој.
Максуит отиде чекор понатаму велејќи дека никогаш до сега не се согласувал со одлуките на реисот Сулејман Реџепи, уште од 2006 кога е избран за поглавар на ИВЗ, велејќи дека и парите на верниците ги инвестирал во џамијата и селото.
„Јас мислам дека ИВЗ како институција со децении, особено последнава деценија не го штити интересот на верниците, оваа војна не е од сега туку е веќе неколку децении, затоа одлучивме да биде последен пат и еднаш засекогаш да се разликуваат искрените од лицемерните. Јас парите од верниците уште од 2000 година кога дојдов ако имам ги чувам тука и ги користам за одржување на џамијата и дворот со зеленило и за украсување на тротоарите од фондот на самите граѓани“, додава Максут Абази…
Преземено од tv21.tv