(ВИДЕО) Групна молитва за Рамазан Бајрам во Куманово, траеше 15 минути

услиманските верници денеска го одбележуваат празникот Рамазан Бајрам. По едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и појалоци од изгрејсонце до зајдисонце, утрово во џамиите се служи Бајрам-намаз.

Поради опасност од ковид-19 празнувањето треба да биде со посебни мерки на заштита.

Во џамијата во Куманово што ја посети екипата на „360 Степени“ делумно се почитуваа мерките и не секој верник носеше маска и одржуваше дистанца.

Обавувањето на намазот траеше само 15 минути, како што беше препорачано во мерките на ИВЗ. Освен заштитна опрема и држење дистанца, препораките беа и секој верник да носи лично сеџаде и да се избегнат поздравите со физички контакт.

Баклавата и слатките пак, кои се синоним за Фитр Бајрам  препорачано е да се служаат само на потесниот дел од семејството.

Со цел да се спречат поголеми собири, од 11 часот на сила ќе биде полициски час.

Извор: 360 степени

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави