Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела од реалната. Претседателката на Боливија, Жанин Ањес го смени Навахас во четвртокот, по обвинувањата дека и платил на каталонската компанија 4,7 милиони долари за 170 респиратори, купени за лекување на заразените со коронавирус.
Претставник на таа компанија во Боливија рече дека цената е трипати поголема од реалната.
Навахас (62) беше на функцијата министер за здравство 45 дена, а неговиот адвокат тврди дека е невин.
Денеска судијата му одреди шестмесечен притвор и на разрешениот висок функционер на Министерството за здравство, Фернандо Веленсуели.
Интер-американската развојна банка, која го финансирака купувањето на респиратор, објави дека спроведува своја истрага.