Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави обновување на летовите во јуни кон некои туристички дестинации, меѓу кои е и Дубровник.
„Луфтханза во втората половина на јуни ќе ги воведе летовите до 20 туристички дестинации“, потврди портпаролот на Луфтханза за „Билд ам Сонтаг“. Станува збор за летовите до Мајорка, Крит, Венеција, Родос и Ибица, Дубровник…
Од јуни, во сообраќајот би биле вклучени вкупно 160 од 760 авиони од флотата на „Луфтханза“ и компании како што се Eurowings и Swiss, кои се дел од овој концерн.
Во исто време, во тек се преговори меѓу државата и „Луфтханза“ за спасување на најголемата германска авиокомпанија, која падна во финансиски потешкотии поради пандемијата на коронавирус.Според некои информации, владата на „Луфтханза“ планира да и помогне со околу девет милијарди евра. За возврат, државата барем за некое време ќе влезе во сопственичката структура на „Луфтханза“.