Заев се однесува како никој во Македонија да не знае да чита и да не се информира. Ваквото негово однесување е крајно потценувачко кон граѓаните на Република Македонија се вели во соопштение до јавноста кое уследи како реакција на интервјуто кое го имаше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-Го повикуваме да објави каде точно СЗО најавува нов бран на коронавирусот во август. Граѓаните се веќе навикнати на неговите лаги посебно кога станува збор за негови лични ветувања или објаснувања, но овој пат оди до таму да почнува да лаже што некој друг рекол, а всушност тоа никогаш не си го рекол.
Граѓаните се свесни дека на Заев и СДСМ не им е грижа за нивното здравје и уште од првиот момент кога започна кризата Владата води политика наместо грижа за здравјето на граѓаните.
Ваквото скандалозно однесување на СДСМ кое води кампања среде пандемија на смртносен вирус ќе биде казнето. СДСМ оди во опозиција, а Заев заминува во политичка пензија.