Во последните 24 часа во Србија се потврдени 34 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата сега е 11.193.
Во изминатото деноноќие се тестирани 2.488 лица, додека вкупниот тестирани е 220.344 лица. Хоспитализирани се 657 лица, а 12 на респиратор.
Во Србија се излечиле 5.920 лица.
Од коронавирусот починале 239 лица, а сегашната стапка на смртност е 2,13%.