ВМРО ДПМНЕ обвинува за изборен поткуп а преку партиски активисти, со партиски обележја дели пакети и се рекламира на социјалните мрежи.
Во текот на изминатите неколку дена од ВМРО-ДПМНЕ видовме серија на обвинувања за некоков изборен поткуп насочен кон СДСМ. Но социјалните мрежи покажуваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ дели пакети со партиски ознаки и самата се рекламира на социјалните мрежи.
ВМРО-ДПМНЕ, преку министерот Наќе Чулев се обиде хуманитарната акција во Струмица, преку која секојдневно се дистрибуираат пакети со помош на сиромашните и ранливите категории, да ја престави како криминална и изврши упад во магацините каде што се пакува помошта. Дури, нивната лудост отиде до таму да приведуваат млади учесници во хуманоста. На крајот, ваквата црна пропаганда заснована на лажни вести и погрешно прикажување во јавноста на хуманитарната акција, заврши неславно за ВМРО-ДПМНЕ.
Се покажа дека акцијата е спроведена без соодветна аминистративна процедура. Но, се покажа дека на легален и транспарентен начин, хуманитарната помош во Струмица ја прибира невладина организација која потоа ја предава на општинскиот кризен штаб и преку волонтери на општинскиот штаб се дели на социјално ранливи граѓани.
На хуманитарните пакети со прехрамбени продукти, кои што се делат на ранливи граѓани во Струмица нема партиски обележја туку информации за заштита од коронавирусот.
Со мало истражување на социјалните мрежи може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ не е искрена кон јавноста и ги толкува работите преку нивна партиска призма, злоупотребувајќи надлежни институции.
Во исто време кога обвинува активитисти на ВМРО-ДПМНЕ, па и функционери од оваа партија одат на терен, кај сиромашни граѓани делат помош а за тоа се фалат на социјалните мрежи.
Жаклина Пешевска на пример објави фотографии и текст дека општинскиот комитет Гази Баба посетил сиромашно семејство во Раштак и му однел полни кеси производи. Самата си се пофалила дека со таквата постапка направила хумано дело.
Понатаму, општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Куманово објавил фотографии и текст дека посетиле сирмашни семејства на кои им донирале прехрамбени производи и средства за хигиена.
Истата постапка со донации и јавно фалење ја направиле и партиските комитети во Битола и во Петровец.
Она што се приметува дека на дел од пакетите стојат партиски ознаки на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали тоа е поткуп на ВМРО-ДПМНЕ? Дали сега министерот Наќе Чулев ќе спроведе истрага и за овие дејствија на ВМОР-ДПМНЕ?
Очигледно станува збор за позната стратегија на ВМРО ДПМНЕ, да ги обвинуваат политичките противници за нешто во кое тие го прават.
Ова последново со хуманитарната помош само ги потврдува двојните аршини на ВМРО ДПМНЕ.