Алијансата за Албанците, неколку пати, ја искажува својата загриженост за враќањето на нашите граѓани во нивната татковина. Неколку пати реагиравме на ова прашање, па и апелиравме до Министерството за надворешни работи и Владата, кои не прават ништо за да им се помогне на нашите граѓани, особено од Италија, каде што ситуацијата е многу загрижувачка заради големиот број наши граѓани кои сакаат да се вратат во својата татковина. Ова го зборуваме затоа што добивме многу директни писма од нашите граѓани, кои се блокирани во разни земји на ЕУ, како резултат на пандемиската криза.
Почитуван вицепремиер Бујар Османи, проблемите не се решаваат ниту со празни изјави ниту со потценување на новинарите кои се заинтересирани за оваа проблематика. Затоа, преземете мерки за да не биде предоцна, и да не станете причина за некоја трагедија, како што е случајот со албанското семејство од округот на Скопје, кое според нашите информации е блокирано 48 часа на унгарската граница.
Бројот на тие што сакаат да се вратат е многу голем, но конзуларните претставништва на РСМ не се ни во можност да го отворат телефонот, а камоли да направат нешто повеќе за да помогнат во нивното враќање.
Алијансата за Албанците од почетокот го следи ова прашање со голема грижа и ние постојано апелиравме да се преземат сериозни мерки за враќање на нашите граѓани во нивната татковина.