Медицинска сестра се појави на работа само со бикини под заштитното одело

Медицинската сестра Надежда Жукова се фотографираше во ковид-болницата во Тула, Русија, само во бикини под заштитното одело и со тоа стана популарна низ целиот свет.

Таа доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се сликаа само во долна облека под заштитните одела и ги споделија фотографиите на социјалните мрежи.

Како што велат, тие сакаа да ја поддржат Надежда, но и да испробаат сами како е да се работи во заштитно одело.

Против Надежда била отворена дисциплинска постапка кога нејзината фотографија се појавила на Интернет, но таа, сепак, нема да биде казнета, затоа што добила поддршка од многумина.

Треба да знаете
Последни објави