Специјални пловни единци на Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со невладината организација „Симплевси”,денеска започнаа со тестирање на жителите кои припаѓаат на ранливите групи, а живеат на малите и оддалечени острови, јави дописничката на МИА од Атина.
Со помош на чамците на невладината организација, мобилните единици во текот на денешниот и утрешниот ден ќе земат примероци од жителите на островите Милос, Кимолос, Фолегандрос и Сикинос.