Една недела по делумното отворање на училиштата во Словенија, од Владата соопштија дека засега нема услови сите ученици да се вратат на настава, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Од денеска на редовна настава се вратија и деветоделенците и учениците со посебни потреби. Пред една недела тоа го сторија и децата од прво до трето одделение.
На редовната владина прес конференција денеска беше објавено дека со овие мерки за заштита донесени од Националниот институт за јавно здравје, не е возможно образовниот процес да го продолжат и другите ученици.
– Речиси сите училишта во земјата добро се подготвија за наставата почитувајќи ги сите мерки, но тоа е доволно само оние ученици кои веќе се вратија, изјави Винко Логај директорот на Институтот за образование.
Според некои предвидувања образовниот процес нормално ќе продолжи дури во септември.