Намалување на бројот на заразени од вирусот Covid19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца.Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки. Во контиутет ги следиме социјалните мрежи, видеа и содржините кои се објавуваат и секаде каде што има основ за постапување, МВР презема соодветни активности, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук.
Во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото, вели тој.
„На сила се уште е ограничувањето на движењето кое беше воведено за продолжениот викенд кој завршува денес. Министерството за внатрешни работи со сите свои ресурси го контролира спроведувањето на одлуките на Владата и овој пат со задоволство можам да констатитирам дека полициските службеници одговорно и професионално ја вршат својата работа, а граѓаните се одговорни. И воедно ќе напоменам дека на територијата на град Скопје овој викенд Секторот за внатрешни работи од Скопје имаше распоредено вкупно 55 патроли на полициски службеници, а одлуката поврзана со ограничување на движењето со минорни исклучоци се почитува на територијата на целата држава.
Наспорен факт е дека заедничка желба на сите нас е состојбата да се нормализира што поскоро и во таа насока апелирам на разумност, одговорност и строго придржување до препораките за заштита на здравјето“, вели Чулев.