Албанскиот премиер Еди Рама најви кревање на граничните рампи за 1 јуни, но тоа се однесува за Албанците државјани на Македонија, Косово и Црна Гора.
-Преземаме чекори во согласност со добро промислен план и тоа не го правиме постепено, туку напротив. Подготвени сме повторно да ги отвориме нашите копнени граници, изјави Рама.
Тој нагласи дека Албанија е успешна приказна во глобалната војна со коронавирусот и најави дека наскоро ќе се отворат и плажите.
-Хотелите ќе можат да ги отворат своите приватни плажи на 1 јуни, додека од 10 јуни се отвораат и јавните плажи, кажа Рама.