ВМРО ДПМНЕ: Глумењето нормалност на власта со цел да дојдат до избори го зголеми бројот на заразени, можете да замислите до што ќе дојде ако има брзи избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија Клан рече дека постојат кредибилни светски институции, има лекари кои велат луѓе прерано за одржување на избори  затоа што ние сеуште ги броиме луѓето кои на дневна основа се инфицирани и ние сме апсолутни рекордери  на Балканот.

„Да ја потсетам македонската јавност дека ние практично сме и рекордери по друга една категорија, а тоа е по бројот на луѓе кои што го загубиле својот живот на милион жители. И кога сето ова ќе го ставите на кантар и кога ќе видете каква економска ситуација е во моментот во државата односно немерките кои што превземаа и очекуваниот револт кај граѓаните нивната позиција за мене како политичар е разбирлива но, како граѓанин е неоправдлива затоа што вие не можете по цена на здравјето на граѓаните и по цена на животите на луѓето, по секоја цена да гледате да ги задржите фотелјите. Тоа го прави обично човек кој што е исплашен дека после поразот и дебаклот кој што ќе се случи на следните предвремени парламентарни избори кога и да се случат, доаѓа вториот институт, а тоа е институтот на одгворност“, посочи Мицкоски.

„Едно е што мисли власта, а друго е што говорат бројките. Ние немаме успешно справување со кризата кога сме рекордери  во регионот по починати лица на милион жители“, рече Мицкоски на вечерашното гостувањето на телевизија Клан.

„Денес имаме нови дваесет и неколку заболени лица,  вчера имавме 37 новозаболени. Додека земјите во регионот Словенија, Хрватска, Црна Гора или бројат во деноночие едноцифрена бројка или немаат заболени на дневно ниво. Тоа се мерливи бројки, ова е видлива работа“, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека не e работа некој да излегува секој ден во јавност и да кажува дека е добро.

„Навистина не можам да ги разберам како неодговорно вака се однесуваат, Јас навистина не можам да ги разберам. Еве се трудам да ги разберам но не можам да ги разберам. Вакво неодговорно однесување не е својствено за тотално почетници во политиката, не луѓе кои што од времето на транзицијата се присутни, рече Мицкоски.

Мицкоски меѓудругото уште еднаш повтори дека ако се одлучат да одат на избори во јуни тогаш нека им е со среќа.

 

Треба да знаете
Последни објави