За утре е најавена седница на Комисијата за заразни болести, каде се очекува една од главните теми за која ќе се разговара да биде и отворањето на границите. Засега не се споменуваат датуми, а минатата недела министерот за здравство Венко Филипче неколку пати истакна дека е рано за отворање на границите.
Од соседните земји, Албанија од 1. јуни ги отвора границите за Македонија, додека Србија веќе ги отвори.
Покрај тоа, утре на Комисијата може да стане збор и за отворањето на угостителските објекти кое беше најавено за оваа недела.