Мјанмар го достави својот прв извештај до највисокиот суд на Обединетите нации за придржувањето до мерките изречени во јануари заради заштита на муслиманското малцинство Рохинџи, соопшти денеска Судот.
Гамбија поднесе тужба против Мјанмар во која ја обвини таа земја за кршење на Конвенцијата за геноцид од 1948 година.
Комисијата од 17 судии едногласно го поддржа наметнувањето на т.н. привремени мерки на Мјанмар заради заштита на доказите за злосторства и спречување на насилство.
Судиите му наложија на Мјанмар да ги известува на секои шест месеци сè додека не се донесе конечна пресуда.