Руската Влада донесе одлука привремено да го прекине увозот на гориво со цел да се обезбеди енергетска безбедност и да се стабилизира состојбата на домашниот пазар, јавува агенцијата ТАСС.
Оваа мерка ќе биде во сила до 1 октомври 2020 година, според указот потпишан од премиерот Михаил Мишустин.
„Привремена забрана за увоз во Русија на видовите горива наведени во списокот од денот на влегување во сила на оваа регулатива до 1 октомври 2020 година”, се вели во документот.
На списокот се наоѓаат бензин за мотори, дизел, гориво за авиони и бродови и мазут, пренесува ТАСС.