Северниот дел на Хрватска е погоден од силно невреме, проследено со град.
Во Загреб и околината врне силен дожд, проследен со силни грмежи, пренесува хрватскиот портал Индекс.
Северна Хрватска беше погодена од невреме проследено со град и силен ветер, а во Вараждин се забележани повеќе од 2.000 молњи. Метеоролозите предупредуваат дека интензитетот на невремето ќе се зголеми во попладневните часови.