Јанкуловски да одговори точно и прецизно, по кој член и по кој закон се уште претседавате со Сенатот на УКИМ

Проф. д-р Вујица Живковиќ, Проректор за настава на УКИМ, проф. д-р Владимир Петрушевски

Проректор за наука и проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска Проректор за меѓународна соработка со соопштение реагираа на изјавата на ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски дека започнатата постапка за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за мандатниот период 2020-2023 е во целосна согласност со актуелниот Закон за високо образование, според кој, изборот на ректор не го врши Сенатот на УКИМ, туку членовите на наставно-научните совети на сите единици на УКИМ.

 

„Како проректори и членови на академската заедница повторно сме непријатно изненадени од начинот и леснотијата со која ги интерпретирате и Законот и нашите укажувања.Во ниту еден момент, а за тоа нема ниту причина, намерата на нашите писма не била ништо другу, туку само заштита на законитоста и угледот на Универзитетот. Напротив, Вашите деманти и неосновани напади во континуитет, ние ги доживуваме како напад не само на нашата личност, углед и интелигенција туку и напад и потценување на интелигенцијата целата академска заедница.
Во вашиот „демант” вие објаснувате за пошироката јавност дека Сенатот нема никаква врска со изборот на ректор, туку дека гласа академската заедница. Но притоа, намерно пропуштате да ја кажете суштината на проблемот, а таа е следната:
Точно е дека Сенатот не врши избор на ректор, но кажете дека Сенатот врши избор на комисијата за спроведување на избори, која согласно Законот ги спроведува изборите и е единствена надлежна за утврдување на правилата за избор, а како крајна инстанца и за решавање на евентуалните жалби и сл. Тоа значи дека изборите се во комплетна надлежност на Универзитетската изборна комисија.
Неспроведувајќи го Законот за високото образование (Службен весник на РМ, бр. 82 од 8.05.2018; членовите 161, 162 и 167) и Статутот на Универзитетот (Универзитетски гласник, бр. 425 од 28 јуни 2019; членовите 151 и 212), Вие свесно не сакате да изберете претседател на Сенатот. Согласно горенаведените членови, Вие не смеете да бидете член на сенатот, да закажувате седници на Сенатот, да претседавате со Сенатот, да гласате и да ги потпишувате одлуките.
Грубо кршејќи го Законот, од неговото донесување на 8 мај 2018 год., Вие свесно и намерно правите противправни дејствија на Универзитетот, со тоа што не избирате  претседател на Сенатот.
Во контекст на прашањето на избор на ректор и спроведување на постапката, не само од законски, туку и од етички причини, недопустливо е Вие повторно да се ставите во улога на претседател на Сенатот и да изберете Универзитетска изборна комисија, лично да и ја потпишете одлуката и да и дадете мандат да ги состави правилата за избор и да го спроведе изборот, и притоа исто така вие да бидете кандидат за ректор.
Ве молиме ректоре,  јасно и недвосмислено, конечно да одговорите точно и прецизно, по кој член и по кој закон Вие сеуште претседавате со Сенатот на Универзитетот, стои во писмото испратено од Живковиќ.

Треба да знаете
Последни објави