Во периодот од 18.05. до 24.05.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 43 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 61 возило кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од Општина Центар.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.