Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ објави дека повторно ќе започне со летови од јуни.
Авиокомпанијата го објави распоредот на летовите, а обновувањето на авиосообраќајот е планирано од 15 јуни, кога авионите ќе летаат од десетина британски аеродроми до 12 дестинации во Шпанија, Португалија, Швајцарија и Франција.
Поголем број летови до повеќе дестинации и земји ќе бидат воспоставени од јули, кога се очекува враќање на оваа компанија во целиот регион, односно во Белград, Љубљана, Пула, Задар, Сплит, Дубровник, Тиват и Приштина.