Двата водечки бразилски медиума објавија дека ќе престанат да следат неформални брифинзи на шефот на државата Жаир Болсонаро пред претседателската палата.
Групата „Глобо” и весникот Фолја де Сао Паоло соопштија дека претседателското обезбедување не обезбедило соодветна заштита на новинарите кои ги покриваат прес-конференциите на шефот на државата.
Болсонаро, кој редовно ги напаѓа медиумите, наутро застанува пред претседателската палата за да ги поздрави своите приврзаници и понекогаш да разговара со новинарите.
Но, во неколку наврати тие неформални состаноци беа тензични.