Според анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, а врз основа на одредени исполети услови, Владата донесе одлуки со кои преставнува важењето на повеќе рестриктивни мерки, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Од утре целосно престанува важењето на одлуката за забрана за движење.
-Од четврток почнува со работа угостителските објекти, со прецизно утврден прокотол за работа на терасите.
-Од први јуни ќе престанат да важат одлуките со кои од работа се ослободени одредени категории граѓани. И оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа. Ова нема да важи за хроночно болните и за родителите кои имаат деца до 10 години, за кои ќе се чека одлуката за почнување со работа на градинките.
-Задолжителниот државен карантин за граѓаните кои се враќаат од странство се заменува со домашна изолација, доколку граѓаните приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.