Георгиевски избран во тимот на сезоната од романското првенство

Македонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски во дресот на романскиот ЧСМ Букурешт одигра добра сезона и заслужено се најде во „најдобриот тим“  на шампионат. Во изборот организиран од страна на „Про Спорт“, во кој гласаа 14. тренери од романскиот шампионат, Георгиевски беше избран за најдобро десно крило во лигата. Македонецот собра четири гласа, еден повеќе од Михалчеа од Стеауа и од Талмаиер од Потаиса.

Покрај Георгиевски во тимот на сезоната се и голманот Сејад Хиедарирад од Динамо Букурешт, левото крило Милан Котрч од Баја Маре, левиот бек Анте Кудуз од Динамо, среден бек Камел Алуини од Динамо, десен бек Мариус Садовеак од Темишвар и пивот Немања Грбовиќ од Стеауа. За МВП на лигата е прогласен Хрватот Анте Кудуз.

 

Треба да знаете
Последни објави