Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција рече дека доколку се зголеми бројот на заразени со корона вирус на дневно ниво, тогаш повторно ќе се вратат рестриктивните мерки.
-Доколку бројот на случаи се зголеми, тоа ќе значи повторно воведување рестриктивни мерки. Затоа аплираме сите да ги почитуваме мерките за носење маска, одржување дистанца и однесување според протоколите. Доколку ова се случува, немаме опасност за зголемување на бројката. Тоа е најважна работа за да ги намалиме бројките и со тоа да го враќаме животот во целосна нормала. Кризата не научи дека многу повеќе ќе треба да внимавме на начинот на кој се однесуваме, порача Спасовски.