Време е за новата нормалност. Нашето општество мора да продолжи да функционира. Мерките се олабавуваат, надлежните институции потврдуваат дека епидемијата е под контрола. Вирусот ќе биде присутен подолго време и мора да научиме да живееме со него.
Граѓаните, секој од нас, сега има уште поголема одговорност. Битката не е завршена. Да бидеме внимателни и да се чуваме бидејќи со тоа ги штитиме нашите најблиски и го чуваме јавното здравје. Задолжително да ги почитуваме сите мерки – на тој начин спасуваме животи.