Извесен период нашата држава е во крајно комплицирана состојба, со распуштено Собрание и со техничка Влада со мандат за организирање на предвремените избори на 12 април.
Затоа, потребни се избори за да се обезбедат целосно функционални институции, но истовремено да се заштити здравјето на граѓаните, особено имајќи ги предвид реалните стравување на релевантните светски здравствени институции за нова можна појава на вирусот наесен.
Затоа, изборите се решение, а не проблем! Тие треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата, според препораките на надлежните институции.
Тоа значи дека сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат одговорност пред државата и институциите да преземат одговорност и да им овозможат на граѓаните да одлучуваат. Тоа е врвна демократска придобивка.
Исплашени од извесниот пораз од граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се изборите да не се случат, а државата да западне во сериозна политичка криза која негативно ќе се одрази и врз економијата, но и врз здравјето на граѓаните.
Таквите нивни обиди се осудени на неуспех.
СДСМ сака избори на кои ќе учествува и опозицијата. Имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност, но, ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес.
Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.
Северна Македонија мора со целосен капацитет на институциите да го дочека септември за да биде целосно подготвена за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот.