Магдебург му се заблагодари на Кузмановски

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, по една сезона мината во редовите на германскиот бундеслигаш Магдебург си заминува и ќе се обиде да го потврди својот потенцијал во Хановер. Денеска тимот на Магдебург преку соопштние до јавноста соопшти дека ја прекинал соработката со македонскиот ракометен интеранционалец.

-Кузмановски е еден од најталнтираните бекови во Европа, во него има голем потенцијал. Ќе го набљудуваме и понатаму неговиот развој. Можеби повторно ќе соработуваме во иднина. Мене многу ми се допаѓа момчето и му посакувам се најдобро во понатамошната кариера, истакна Вигерт од Магдебург, кој преку социјалните мрежи му се заблагодари за соработката.

Кузмановски во досегашната кариера има настапувано за екипите на Пелистер, Металург и Еурофарм Работник.

Треба да знаете
Последни објави