Селекторот на боксерската репрезенатција на Албанија, Скендер Курти (61 г.) починал во болница во Тирана како последица од коронавирусот, соопшти Европската боксерска конфедерација (ЕУБЦ).
Курти беше еден од пионерите на боксерскиот спорт во Албанија, а последните три децении работеше како тренер.
Во Албанија се еведентирани околу 1.000 случаји на заразени од коронавирусот, а починати има 32 лица.