Бројот на починати од коронавирус во Франција денеска се зголеми за 73, на вкупно 28.530. Тоа е сличен раст како и претходниот ден, наспроти тоа што здравствените власти продолжија по четиридневниот прекин да ги сметаат и починатите во старските домови.
Министерството за здравство соопшти дека бројот на починати во болниците се зголемил за 83, односно на 18.195, но е намален бројот на починати за 10 во домовите за стари лица во однос на претходните податоци, така што во нив вкупно починати 10.335, пренесе Ројтерс.
Франција со вкупно 28.530 починати е на четвртото место во светот после САД, Британија и Италија.
Бројот на заболени од коронавирус порасна денеска за 276, на вкупно 145.555, додека бројот на пациенти на одделението на интензивна нега падна на вчерашниот број, кој изнесува 1.609 на 1.555.