Унгарија се приклучи на договорот меѓу Чешка и Словачка според кој граѓаните на тие земји можат слободно да патуваат во трите европски држави, но со временски рок, напиша на Твитер чешкиот премиер Андреј Бабиш.
Тој вчера рече дека се согласил со својот словачки колега Игор Матовиќ за отворање на чешко-словачката граница во среда, под услов патниците да се вратат во матичната земја во рок од два дена. Сега им се придружи Унгарија.
Ако некој го наруши поставениот временски рок, враќањето во матичната земја ќе биде можно со негативен тест за коронавирус или одење во двонеделен карантин.
Оваа можност важи само за граѓаните на овие три европски земји.