Во раните утрински часови во близината на Врање се случи тешка сообраќајна несреќа во која се судрија автобус и камион по што едно лице го загуби животот, а уште едно со тешки телесни повреди е префрлено на клиничкиот центар во Ниш.
Возачот на автобусот кој е роден 1960 година од околината на Врање починал како последица на здобиените повреди во Здравствениот центар. Возачот на камионот, роден 1996 година е од околината на Владички Хан е тешко повреден поради што од Врање е префрлен во нишкиот клинички центар.
Трагедијата од овој старотен судар можела да биде и уште поголема бидејќи автобусот на „Јединство“ бил на пат кон Владички Хан да ги земе и однесе на работните места вработените во „Геокс“ .
Истарагата порад што дошло до тешката сообраќајна незгода е во тек, а сообраќајот е пренасочен.